среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕДНА ГОДИНА ПО РАЗВРСКАТА: Никој нема да го спречи Боки 13 да ги открие криминалците од власта, СЈО се сруши како кула од карти

ЕДНА ГОДИНА ПО РАЗВРСКАТА: Никој нема да го спречи Боки 13 да ги открие криминалците од власта, СЈО се сруши како кула од карти

Јавноста веќе точно една година е сведок на валканите игри кои ги правела власта и високите функционери од неа во изминатите три години почнувајќи од 2017 па се до ден дене…

Откако лани на 15 јули беше уапсен Боки 13 на граничниот премин Богородица кон Грција, а истиот ден Катица Јанева си даде оставка никој не ни помислуваше што ли ќе донесе одмотувањето на клопчето чиј крај се уште е енигма.

Откако речиси целиот регион и Европа дознаа за милионскиот рекет во Македонија инволвираните во истиот започнаа да откриваат дека во истиот не биле сами, туку им помагале функционери од власта.

За точно една година македонските граѓани се изнаслушаа најразлични бомби, пикантни заговори и начини на кои биле извршувани рекетите врз повеќе лица во земјава.

По сето ова интегритетот на СЈО падна во вода, по што логично беше и да згасне, додека специјалната обвинителка Катица Јанева беше прогласена за виновна и осудена на 7 години затвор.

Две години повеќе, односно 9 години доби Бојан Јовановски кои на денот на пресудата го потврди она што целата јавност веќе шпекулираше година дена наназад- во Рекетот се вмешани највисоки функционери од власта, а парите од истиот исто така да ги бара судот кај нив.

Револтираниот Боки 13 по ова во два наврати поднесе над 40 кривични пријави токму против сите високи функционери од власта кои биле вмешани и помагале во рекетирањето.

Јовановски преку писмото не наведува за кои функционери станува збор. Тој потенцира дека не можат да го спречат во неговата борба со, како што ги нарекува, криминалците без разлика на дали ќе му се закануваат и уценуваат.

Во истото се пожали и дека тој и неговото семејство цело време добиваат уцени и закани, од оние кои според неговите зборови знаеле дека ќе заработат кривични пријави.

Најнови вести