петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Едукативен интерактивен настан за мултипла склероза на Медицински факултет во Скопје

Едукативен интерактивен настан за мултипла склероза на Медицински факултет во Скопје

Националното здружение за мултипла склероза (МС) во соработка со Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА), денеска организира едукативен интерактивен настан во амфитеатар на деканатот на Медицински факултет, со почеток од 12:45 часот, а по повод Националните денови на МС. Целта на настанот е да се подигне свеста и интересот на идните доктори за оваа болест и приближување до искуствата што ги преживуваат пациентите со МС од друг агол.

– Доц. д-р Игор Кузмановски од ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија-Скопје, ќе зборува за историјатот и карактеристиките на болеста, а потоа приказ на случај со присутен пациент со мултипла склероза што ќе му даде сосема нова димензија на самиот настан. Студентите ќе имаат можност теоретски да се запознаат со симптомите, процесот на дијагноза, изборот на третман и практично да го видат и да го осознаат презентираниот пациент, велат организаторите.

Настанот е организиран за студенти, специјализанти, доктори и пациенти со МС.

Најнови вести