Во рамки на програмата „ЕВН Волонтира“, вработени од ЕВН Македонија спроведoa волонтерски проект за едукација на млади во врска со историјата на развојот на електрична енергија. Проектот се реализираше во просториите на изложбениот центар на ЕВН „Матка“, а групата од дваесеттина млади се штитеници на Дневниот центар за деца при Здружението за заштита на правата на детето. Изложбениот центар за електрична енергија „Матка“ овозможува поголема едукација и преку интерактивни експонати ја раскажува историјата на електричната енергија во земјата, како и промените што настанале со електрификацијата. Истовремено, преку иновативен мултимедијален пристап, експонатите нудат уникатна можност за едукација и интеракција.
ЕВН Македонија со оваа волонтерска акција се приклучи кон иницијативата на здружението „Сошл Фрајдеј“ која има за цел да ги претвори петочните попладневни часови во општествено одговорни практики, со тоа што вработени кои работат во канцеларии излегуваат на терен и реализираат волонтерски акции за доброто на локалните заедници.
„ЕВН Волонтира“ е проект на ЕВН Македонија кој официјално започна во јули 2017г. како дел од долгорочната стратегија за општествена одговорност на компанијата. Вкупно се реализирани 52 акции во големи групи низ целата земја, а учествувале над 500 вработени. Една од главните цели на овој проект кој е се уште во тек, е да се подигне свеста кај поединци и компании дека сите имаме посебни квалификации и способности кои може да ги искористиме за да направиме добро во заедниците во коишто живееме.