Бугарија го негира македонскиот идентитет. Ова е основата на бугарските позиции за Македонија, негираат. Ова е суштината нивните позиции, негирањето. Може да кажуваат што сакаат, но има конзистентен обид и напор да го негираат македонскиот идентитет. Тоа е целта да го оспорaт идентитетот и да создадат поттик за македонските граѓани тука со бугарско државјанство и така да го оспорат во свое време Бугарската основна позиција не е сменета, позицијата за историјата не е сменета, изјави Едвард Џозеф предавач на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон и експерт за Балканот, за Агенда35 на МТВ.
Тој посочи дека предлага САД да го афирмира македонскиот идентитет, преку договор меѓу САД и Македонија, билатерален културен документ во рамките на стратешкиот дијалог што ќе го афирмира идентитетот, затоа што ова веќе е проблем и на НАТО и на САД.
– НАТО членка Бугарија ја искористува својата позиција на ЕУ членка за ефективно да врши идентитетска агресија што е форма на агресија врз друг НАТО сојузник. Не може ова да го имаме во НАТО, овој тип е на агресија е сличен на она што го прави Русија во Украина кога и вика дека се вештачка држава, тоа го прави Бугарија, ви вика вие сте вештачка нација, вие сте Бугарија, вашиот јазик е бугарски, вашата историја до 1944 е бугарска. Ние велиме дека тоа е неприфатливо. Путин го прави тоа со бомби, Бугарија со блокирање. Ова е проблем на НАТО затоа што една членка врши агресија на друга. Но ова е и проблем на САД. Затоа што претседателот Румен Радев и други во бугарскиот парламент и функционери го користат ова прашање за агенда што е во сојузништво со Путин, оние кои го користат ова прашање во Бугарија се сојузници на Путин. Затоа е проблем и за САД, рече Џозеф.
Во врска со тоа што треба да преземат македонските власти тој истакна дека Бугарија го поткопува македонскиот идентитет и премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски да одлучат каква позиција ќе заземат и што ќе им објаснат на граѓаните на Македонија.