среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ефтимов: 11 видови на чаеви, 30 килограми чоколадни бонбони – “големите потреби“ на градоначалникот на Штип

Ефтимов: 11 видови на чаеви, 30 килограми чоколадни бонбони – “големите потреби“ на градоначалникот на Штип

Единаесет видови на чаеви, триесет килограми чоколадни бонбони, шестотини литри негазирана вода се само дел од „големите потреби“ на Градоначалникот на Општина Штип и неговиот кабинет. Неверојатни и неоправдани се потрошените 121.000 денари, за набавка на такво разнообразие од продукти, кое асоцира на живот на висока нога, обвинува Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ Штип.

-Дисперзираното кафуле кое функционира во рамки на општината, прикажува расипништво кое не се памети да се случувало. Градоначалникот, на сметка на народот, се опуштил до степен на неговите гости да им нуди палета од пијачки, на кое би им подзавиделе и добро снабдени кафулиња. И додека угостителскиот секор тоне во долгови и моли за помош од државата, градскиот татко наместо да креира мерки и да го помогне овој сектор, самиот си прави услови за кафуле во рамките на јавната институција со која раководи, вели тој.

Порача: „Очигледно, животот на висока нога длабоко се всадил во начинот на живот на оној кој треба да демонстрира скромност и солидарност со оние кои немаат“!

Најнови вести