Час поскоро треба да отпочнат преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија, бидејчи предолго сме во ходниците за чекање иако правата препорака е од 2009 година. Но, затоа сите претпоставки кои што се исполнети сметаме дека имаме целосно право сите заеднички да бараме да се отпочнат овие преговори, тоа и повеќе кратно го афирмираме и стоиме на ставот дека час поскоро треба да се отпочне со преговорите, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов.
Тој во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат истакна дека Македонија предолго чека во ходниците на ЕУ за отпочнување на преговорите, но од друга страна ако поопширно го анализираме напредокот на земјата, е видиме дека во последните неколку години забележува загрижувачки застој, па дури и уназадување во строведувањето на реформите за уогласување со Европската унија, нешто што се потврдува и во извештаите за напредокот на Европската комисија.
„Ако ја видиме поопширно ситуацијата во однос на степенот на подготвеност, бидејќи Република Македонија која ги исполнила сите обврски, чуствуваме застој, односно стагнација во реформите во овој процес. Ова не го потенцираме само ние, ова го потенцира и извештајот за напредокот на Република Македонија на Европската комисија, каде што во последната извештајна година за 2021 година имаме оцена од 1,52. Никогаш до сега не сме имале толку ниска оценка во однос на напредокот и усогласувањата на македонското законодавство со позитивното законодавно право на Европската унија и усогласување на сите европски критериуми кои што се потребни“, вели Ефтимов.
Тој додава дека тоа е така, бидејќи од страна на власта не се испорачуваат реформи, ова го потврдува и фактот што од 33 поглавја, само во три имаме добар напредок, додека во пет немаме напредок, а ограничен напредок имаме во 25 поглавја.
„Уште позагрижувачки е тоа што од вде можеме да поставиме една дилема која што во наредниот период не се презема а може да се корегира оваа состојба и тоа е во поглавјето 23 – 24, овие се поглавја каде што најпрвин треба да бидат отворени, каде што во извештајот во поглавјето 23, правосудство и фундаментални права, внимавајте во 2021 година имаме ограничен напредок, дотолку што во претходната година сме имале добар напредок, сега имаме ограничен напредок, тоа значи имаме забавување на реформите во овој сектор. Уште поголема е дилемата каде што, цитирам, земјата вее го има завршено поголемиот дел од реформите и ги има воспоставено потребните правни и административни структури во оваа област, сепак постои ризик од влошување во некои области, вклучуваји го судството и борбата против корупција, потребни се дополнителни напори за заштита на независноста на судиите, да се подобри квалитетот на правдата и да се олесни пристапот до правдата. Ова е поглавје кое што е фундаментално и ќе се отпочне со негова реализација, меѓутоа, отпочнувањето на преговорите ќе значи и скратување на моќните поединци во институциите“, рече Ефтимов.
Затоа, доде Ефтимов, час поскоро треба да отпочнат преговорите со ЕУ, за да да ги вратиме институциите на државниот апарат, бидеји во моментот имаме моќни поединци, а имаме слаби институции, тоа е тоа што го потенцира самиот извештај бидејќи потенцира дека ги имаме усогласено најголемиот дел од законодавството, но имплементацијата е на загрижувачко ниво.