„Нови членови во Владата на Република Македонија и наједноставното прашање кое што сите си го поставуваме е која ќе биде додадената вредност на овие кандидати во моментот за само неколку месеци да ја сменат целокупната слика која што ја имаме во општеството“, истакна Дајанчо Ефтимов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ефтимов додаде дека ако до вчера се разговараше за разрешување, дел од министрите кои што се заменуваат си дадоа свои оставки. Еден од тие беше и министерот за правда, господинот Тупанчевски.
„И ако за едни зборувавте дека се неисполнителни, еве премиере, дали сметате дека и министерот за правда беше неисполнителен и неквалитетен кадар. Или сметаше тоа што обелодени дека само 20% од Националната стратегија за реформи во правосудството за цели пет години е исполнета? Или сметаше тоа што потенцираше дека стручен соработник не може да биде претседател на Судскиот Совет и да уценува Врховни судии? Или сметаше со тоа што кажа дека честото менување на министерските позиции не е добра практика и не можат да се реазлизираат реформите кој што тој ги застапуваше“, запраша Ефтимов.
Тој посочи дека поради неспособноста на власта, граѓаните не веруваат во судството, а криминалот и корупцијата цветаат во државата.