петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ефтимов: Единствена основа за зголемување на овој мегаломански буџет е испумпување на парите од граѓаните преку акцизите, даночните обврски и ДДВ

Ефтимов: Единствена основа за зголемување на овој мегаломански буџет е испумпување на парите од граѓаните преку акцизите, даночните обврски и ДДВ

Овој ребаланс е доказ дека она што го зборувавме при носењето на буџетот за 2022 година каде укажувавме дека не ви се реални проценките и предвидувањата во однос на приходната и расходната страна, односно немавте соодветна локација на буџетските средства во развојните програми и проекти каде требаше да ја зачувате стабилноста на екононмските текови меѓутоа од ваша страна не беше превземено ништо, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов на денешната Собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Ефтимов додаде дека ова е доказ и признание на актуелната власт дека нема визија како да ја води државата и нема основни проекции кои ќе издржат повеќе од неколку месеци.

Ефтимов потенцираше на тоа ако не се потрошеа оние 200 милиони евра за 3 месеци за електрична енергија тогаш ќе имавме дополнително средства за инвестиции во други сектори. Исто така доколку имаме призводство на било кои неопходен ресурс е многу поевтино отколку да го набавуваме на меѓународните пазари.

– Власта единствено го зголемува буџетот на грбот на граѓаните, односно единствена основа за зголемување на овој мегаломански буџет и најголем буџето во посењето на Република Македонија е испумпување на парите од граѓаните преку акцизите, даночните обврски и данокот на додадена вредност и сите зголемувања односно не намалување на предвидените и предложени мерки од страна на опозицијата, самите граѓани и стопански комори, заклучи Ефтимов.

Најнови вести