вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ефтимов: “КРИВАТА” НА НИВНАТА ПАНИКА

Ефтимов: “КРИВАТА” НА НИВНАТА ПАНИКА

Ковид кривата на министерот Филипче се искривува пред празници, а се исправува пред потребата за избори на 21 јуни. Колку повеќе пакети дели Заев толку помалку има заразени на дневна основа и кривата на Филипче на чудесен начин се исправува. Кога ќе се поделат сите пакети според списоците, кривата изгледа ќе биде доволно права за да се оди на избори. Наместо да се спаси стопанството и да се зачува достоинството на сите работници сега, оставени сами на себе граѓаните пред гласање се предизвикани да го заменат лебот за правото на својот глас.

Текстот на Дејанчо Ефтимов го пренесуваме во продолжение:

Мерките кои потоа ќе се носат ќе оневозможат еднакво претставување оти додека владините претставници ги гледавме секој ден во ударни термини опозицијата и албанските партии се соочија со неможност да излезат на терен и да се сретнат сограѓаните.
Исто така, мерките и информациите ќе имат задача да се заплашат гласачите да не излезат масовно на изборите за да ги казнат Заев и тајфата.

Сега на сите им е јасен смешно провидниот проект наречен ,,Одлична работа на Филипче”.

Заев и Костадинов велат: на избори можело да се оди и без опозиција.
Брзањето со изборите зборува за паника во тесниот круг околу Заев. Како што тргнала работата Претседателот на СДС ќе си порача и Уредба за неказнивост на своите функционери.
Криминалите секој ден излегуват на површина и се проширува опфатот на функционери на власта но, за жал, не сме сведоци на сериозна завршница. Наместо правда истерана до крај со правосилни одлуки афери со индиции за милионски криминали на пример во случајот на Ден Дончев поминува со оставка и извинување. Исплатени се надоместоците на СЈО токму кога помисливме дека Уставен суд еднаш се одважи да ја разгледа и стопира уредбата за таа исплата. Луѓе кои биле осудени за злоупотреби добиваат поддршка во свои бизниси како случајот на Стојчев од Ново село. Истовремено, првите луѓе за безбедност на СДС објавуват разговории со Заев бидејќи неговото однесување е штетно дури и според нив, додека Претседателот на СДС умилно ги нарекува блиски пријатели што е знак на длабок страв и уценетост. СДС сам си донел мерка за одлагање на процеси за кои се потребни рокови, (50 дена кои ги бара ДИК) а кои се значајни за кредибилноста на изборите како демократски процес еднаков за сите граѓани.

Да ги потсетиме луѓето од власта во паника дека Уставот не може да се толкува самоволно. Членот 126 со кој е дозволено правото за носење на уредби со законска сила е во смисла за донесување брзи и ефикасни мерки за справување со причината за која е воведува вонредната состојба. А не, да се уредуват сите сфери на општественото живеење за кои надлежност има Собранието на Република Македонија кое треба да биде избрано на фер демократски и слободни избори.

ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите препреки ги има свесните сограѓани кои бараат да се вклучат на страната која ветува победа, ослободување на татковината Македонија и реформи за нас и идните генерации.

Најнови вести