среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ефтимов: Кризата и негрижата го уништуваат земјоделието

Ефтимов: Кризата и негрижата го уништуваат земјоделието

Дејанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук вели дека кризата и негрижата го уништуваат земјоделието.

-КРИЗАТА И НЕГРИЖАТА ГО УНИШТУВАТ ЗЕМЈОДЕЛИЕТО
Минатата недела Министерот за земјоделие соопшти дека на состанок со откупувачите од струмичко е договорена откупна цена на пролетната зелка: до 20ти април таа да биде 15 денари по килограм.
Непосредно потоа политичар од струмичкото СДСМ на социјалните мрежи застана во одбрана на цената при откупот.
Гарантираше најмалку 15 денари за откуп на кило зелка.
За жал, зелката реално се откупува по цена од 8 до 10 денари по килограм.
По таа цена работат откупувачи блиски до СДСМ, активисти и функционери на власта.
Струмичкиот политичар се силеше дека кој нема да го почитува договореното ќе се соочи со инспекторите.
Кога Инспекторатот излезе на терен ги најде откупните пунктови затворени.
Чудно нели како баш сите во исто време ги затвориле откупните пунктови?
А, ете како што вели Директорот никој од земјоделците до сега не поднел пријава.
Во ред, не може да очекуваме од политичар кој никогаш не се занимавал со земјоделие да разбере колку е тешка земјоделската работа и опстанок.
Но, не може да му се прогледа низ прсти ако не може да види кој го прави животот на земјоделците неподнослив во последните три децении.
Јасно е дека СДСМ не само што нема земјоделска политика туку секогаш кога е на власт земјоделието пропаѓа.
ВМРО- ДПМНЕ како земјоделска, народна партија во својата визија за обнова на Македонија препознава вистински партнер во чесниот труд на земјоделецот.
Затоа во овие моменти на здравствена криза од која се очекуват сериозни економски последици сметаме дека треба да се преземат итни мерки за спас на земјоделието.
Неопходно е да се интервенира со директна помош на земјоделците кои имат проблем со откупот на зелката.
Потоа земјоделците барат да им се исплатат трите денари за килограм производ предаден на преработувачката индустрија.
Земјоделците се заборавени при откупот на тутунот, јагнешкото месо годинава ја промаши сезонската цена.
Никој во овој момент не зборува за проблемот со цената на лутата пиперка.
Катастрофални 2 денари од парче, иако минатата година таа цена достигна 10 денари.
Сето ова во услови кога во светот и во земјава допрва се зголемува побарувачката на храна.
До овој момент не сме слушнале за ниту една уредба со законска сила со која Владата решава проблеми во земјоделието.
Се носат какви- такви мерки, ретко која од нив е јасна или пак е прифатена од стопанствениците, но за земјоделците досега – ништо.
Кога ќе заврши кризата зарем без поддршката од земјоделците ќе го вратиме стопанството на здрави нозе?
Колкави ќе бидат штетите по земјоделците, дали тие ќе продолжат да се занимават со својата работа и дали ќе останат?
Младите пак, се помалку сакат да се занимават со оваа дејност.
Владата мора итно да преземе мерки за земјоделието во југоистокот.
Во спротивно југоисточниот регион нема да го задржи брендот национален производител и извезувач на храна.

КРИЗАТА И НЕГРИЖАТА ГО УНИШТУВАТ ЗЕМЈОДЕЛИЕТО Минатата недела Министерот за земјоделие соопшти дека на состанок со…

Gepostet von Дајанчо Ефтимов am Donnerstag, 9. April 2020

 

Најнови вести