Денес разговараме за одобрување на кредит за акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Република Македонија во државна сопственост. Зборуваме за кредит од 25 милони евра. Ова е само дел од мрежата на испумпување милионски суми од емергетскиот сектор. Имено, од државата се испумпуваат над 250 милиони евра годишно за увоз на електрична енергија поради неспособноста на оваа владина гарнитура и раководствата кои што ги водат овие компании кои што треба да бидат предводници во енергетскиот сектор, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов.
Овие обвинувања кон владината гарнитура и раководствата на енергетските компании, патеникот Ефтимов ги упати од собраниската говорница на која седница се дискутира за новиот кредит од 25 милиони евра од Европската развојна банка за потребите на ЕСМ .
Тој им посочи дека од договорот за заемот се гледа дека, како и другите меѓународни институции, така и Европската развојна банка не им верува на македонската владеачка гарнитура и на раководните лица енергетските компаните, па затоа во договорот стале одредба каде што замо примателот треба да работи и да ги одржува во добра форма погоните, објектите, опремата и така натаму.
„Со овој договор, со кој што ќе се задолжи за 25 милиони евра, самиот инвеститор, односно Европската банка за обнова и развој не им верува ниту на властите, ниту на раководните лица кои што ги водат овие енергетски компании. Затоа што во самиот договор во членот 4, дел 404 во финансиски оперативни обврски, децидно нормира одредба која што, цитирам „вршење на дејноста на работењето, освен доколку банката не се согласи поинаку, заемо прималот е должен во секој момент да управува и да ги одржува своите погони, објекти, опрема и друг имот во добра работна состојба и веднаш кога ќе биде потребно да ги изврши сите потребни поправки и реновирања на истите, а сето тоа во согласност со добрата деловна финансиска практика“. Ви ставаат одредба дека морате да ги одржувате и да се посветите на нивното работење“, рече Ефтимов.
Додава дека ваквото барање, односно пишана одредба во договорот за заем од ЕРБ, произлегува од неговербата што овие институции ја имаат кон актуелните раководни лица, бидејќи знаат дека континуирано производствените капацитети се злоупотребуваат и дека се произведува минимум елетрична енергија.
Ефтимов истакна дека ваквата недоверба и злоупотреба со македонските производствени капацитети за електрична енергија е хронолошка уште со доаѓањето на власт на оваа политичка гарнитура, која во 2017 година поништи јавна набавка за набавка на механизација за потребите на РЕК Битола.
„Тоа произлегува од недовербата која што и овие институции ја имаат према актуелните раководни лица и структурите кои што ги водат овие енергетски компании, бидејќи и самите занаат дека континуирано се злоупотребуваат и се постигнува минимум на производство на електрична енергија во последниот период. Ова е уште еден доказ дека не функционираат енергетските компании кои што треба да обезбедат, во најголем дел, електрична енергија за граѓаните и стопанството Република Македонија. Сето ова, хронолошки потекнува уште со доаѓањето на власт на оваа гарнитура. Имено уште во текот на 2017 година, кога имало распишано јавна набавка за набавка на механизација за сопствените потреби на РЕК Битола“, рече Ефтимов