четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ефтимов: Правосудниот систем е руиниран и контролиран од СДС и ДУИ, за притисоци и влијанија нотираат судии, обвинители и меѓународни претставници

Ефтимов: Правосудниот систем е руиниран и контролиран од СДС и ДУИ, за притисоци и влијанија нотираат судии, обвинители и меѓународни претставници

На денешната трибина, која што се одржа во просториите на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“, свое обраќање имаше пратеникот Дајанчо Ефтимов кој што истакна дека правосудниот систем е руиниран, а за притисоци и влијанија нотираат и судии и обвинителите и анкетите и меѓународните претставници а граѓаните не веруваат во правосудниот систем и сметаат дека правосудниот систем е контролиран од власта и центрите на моќ.

„Ако до пред одреден период имавме некоја минимална доверба од 3 или 4 проценти во правосудниот систем, односно во јавното обвинителство и судството, сега за жал во последните анкети гледаме дека се сведува на статистичка грешка. И анкетата на ОБСЕ последната покажа еден загрижувачки тренд. Oнаму каде што досегашните семејства кои што беа инволвирани во правосудниот систем, тие се оние кои го подржуваа и сметаа дека има доверба. Меѓутоа оваа анкета покажа една друга аномалија, врз основа на испитување на самите обвинители и на судиите на анкета истите не веруваат дека советот на јавни обвинители и судскиот совет работат согласно закон. Затоа довербата е падната и во овој момент нема граѓанин кој што има доверба во правосудните органи. Сето ова е последица на целокупниот руиниран систем и нестручноста на кадрите“, нагласи Ефтимов.

Ефтимов додаде и дека во анкетите на ОБСЕ очигледен е загрижувачкиот тренд за влијанието и притисоците кај судиите и обвинителите и помеѓу самите колеги.

Ефтимов посочи и дека не компетенти и нестручни кадри доаѓаат на функции за да исполнуваат нечии агенди и се контролирани од власта СДС и ДУИ а посочи и неколку примери на самите судии и обвинители кои нотираат притисоци и влијанија од центри на моќ.

„Сето ова се провлекува бидејќи начинот на кој што се избираат некомпетентни не стручни кадри и доаѓаат до функции кои што исполнуваат нечии агенди. Начинот на избор е по оној принцип „ прв дојден прв услужен“ бидејќи оној кој што треба да биде избран му е кажано да аплицира. Сето ова понатаму доаѓа до девалвирање на правосудниот систем и не владеење на правото а сето тоа е потврдено и од меѓународните претставници. Како што потенцираше и Црвенковска бизнис судски елити владеат во судството. Дамевска која ја сменија, исто така потенцираше дека одреден политички субјект ќе има бенефит од нејзината промена. Ленче Ристовска потенцираше дека без некој да крене телефон не се решава ништо ниту во обвинителството ниту во судството. Тоа значи дека секогаш се контролирани од одредени центри на моќ, а тоа знаеме кој е власта на ДУИ и СДС. Затоа со ваква структура и вакво владеење на актуелната власт нема никогаш да има владеење на правото. Со овие кадри и во судството и во обвинителството на чело со СДСМ и ДУИ нема да има правда во Македонија. Граѓаните не веруваат во правосудниот систем“, посочи Ефтимов.

Најнови вести