сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ефтимов: Проблемот на тутунарите има име и презиме, тоа е Зоран Заев и владата !

Ефтимов: Проблемот на тутунарите има име и презиме, тоа е Зоран Заев и владата !

„Под притисок на опозицијата и јавноста, парламентарното мнозинство конечно се доведе во ситуација да биде ставено во ќош и да мора да прифати да разговара на седница за тутунопроизводителите“, со овие зборови пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов ја започна својата дискусија за предлог законот за тутунот.

Како што напомена тој, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повеќе месеци апелираат и предупредуваат на овој проблем, но власта го игнорирала овој проблем и воопшто не сакала да разговара.

„Избегнувајќи ја оваа тема повеќе од 4-5 месеци откако им кажавме дека претстои катастрофален откуп на тутунот со што се загрозува егзистенцијата на повеќе од 35 илјади домаќинства, а СДСМ ноншалантно се однесуваше и не сакаше да разговараат на оваа тема“, потенцираше Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ.

Несериозноста на пристапот за решавање на овој проблем може да се забележи и од фактот што при средбите на владата со тутунарите, според Ефтимов не се воделе официјални записници, што всушност може да значи дека такви средби и никогаш не се оствариле.

„Ама затоа за нивна ПиаР потреба и нивно промовирање, СДСМ под покровителство на владата, организираа состаноци каде тутунарите беа манипулирани бидејќи од ниту еден од овие состаноци, нема еден официјален записник, што и како се договорило“, рече пратеникот Дајанчо Ефтимов.

Инаку, со овој предлог закон, како што бараат и претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, се продолжува рокот за откуп на недоговорениот тутун, рок кој претходно власта го има скратено.

„Што превземаме со овој закон? Со овој закон се изменува и продолжува рокот за да може откупните пунктови да може да го превземат недоговорениот дел од тутунот. Впрочем претходно, токму власта го скрати овој рок за откуп на тутунот. Сето ова, целата оваа ситуација со тутунарите, произлезе од несериозноста на оваа власт и околу 2000 милиони килограми недоговорено

Најнови вести