Па вие едно јавно претпријатие не можете да водите, а не цел град! Вие три од вкупно седум денови во ноември, Штипјани ги оставивте без вода, а не да направите нова филтер станица! Рече на денешната прес-конференција Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ.
-Вие во ек на пандемија не можете да обезбедите цистерни за критичните населени места, а не да обезбедите технички чиста вода за пиење како што ветувавте пред изборите! Вие два цели дена Штип го оставивте без вода, а ги манипулирате граѓаните да излезат на гласање и да ви веруваат на овие локални избори. Дали знаете дека има луѓе позитивни на КОВИД-19 и такви во изолација, стари и неподвижни лица, лица во социјален ризик и други категории кои ниту имаат можност, ниту средства да си обезбедат вода за домаќинствата? Кој се грижи за нив? Праша Ефтимов.
Затоа бараме ОСТАВКА од директорот на ЈП Исар! Не е способен да отстрани еден дефект, а камоли да реши погорливи проблеми за граѓаните на Општина Штип, додаде тој.