понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ефтимов: СДСМ ветуваше дека ќе го реконструира патот Струмица- Граничен премин, а од животот во Струмица нема ни абер

Ефтимов: СДСМ ветуваше дека ќе го реконструира патот Струмица- Граничен премин, а од животот во Струмица нема ни абер

Магистралниот пат М-6 односно патот кој води од Струмица преку Босилово и Ново Село до Граничниот премин со Република Бугарија е заборавен од власта. Овој пат е заборавен токму од луѓето кои што треба да го направат, а живеат тука во Струмица. Во Програмата „За живот“ СДСМ ветуваше дека ќе го реконструира овој пат Струмица – Граничен премин, а од животот во Струмица нема ни абер, истакна Дајанчо Ефтимов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред точно една година министерот за транспорт и директорот на патишта од тука ја најавија подготовка на проектна документација, додека за период од пред половина година беше најавен и почеток на реконструкцијата.

Затоа денеска прашуваме:

Кога патот Струмица – Граничен премин ќе стане Експресен пат?, запраша Ефтимов и додаде:

„Струмичката јавност не заборави дека за истиот патен правец се ветуваше коловоз со четири ленти од Струмица до населено место Дабиље – кој е и те како значаен за развојот на стопанството. Поминуваат две години од мандатот на оваа власт за кои според програмата во патишта треба да се вложат 600 милиони евра, а во патната инфраструктура во регионот нема позначајни инвестиции од оваа Влада со кои може да се пофали. Реализираа само проекти кои се започнати од претходната власт. Оваа патна мрежа е важна за развојот на стопанството и трговијата, особено на земјоделието во регионот затоа што овозможува поврзување со соседните Бугарија и Грција односно со европскиот Коридор 4“.

Оваа Влада на Зоран Заев, потенцираше тој, уште еднаш покажа дека нема намера да инвестира и да гради.

-Зоран Заев уште еднаш го изневери својот народ, своите сограѓани и не им ги исполни ветувањата. Затоа, што побрзо си заминат од власта, толку побрзо ќе се спаси народот од неспособноста на оваа Влада на Заев и СДСМ.

Најнови вести