петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ефтимов: Струмица и регионот се едни од најзагадените места во државата, власта нема слух за тоа

Ефтимов: Струмица и регионот се едни од најзагадените места во државата, власта нема слух за тоа

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест против загадениот воздух во Скопје и уште четири градови во државата Струмица, Битола, Куманово и Тетово.

Граѓаните од Струмица на протестот посочија дека последните денови Струмица и регионот се едни од најзагадените места во државата.

-Бројките се поразителни и на состојбата за загаденост на воздухот и за справување со пандемијата. Минатата година го прашавме градоначалникот до каде е со гасификацијата на општата болница? Како може оџакот на општата болница да биде причина за загадување додека лечи респираторна пандемија?, запраша Дајанчо Ефтимов од Струмица.

Тој укажа дека ненародната влада очигледно не умее да се справи со состојбата и затоа треба да се потсети дека таа постои за граѓаните, а не граѓаните за власта и наместо на пакети и предизборен поткуп требаше да мислат на кризата.

-ВМРО-ДПМНЕ ја следи состојбата во земјата и предлага владата веднаш да ги ослободи од работа и работни обврски хронично болните граѓани како во јавниот така и во приватниот сектор. Министерот и Комисијата мора да сносат одговорност. Мора да се формираат стручни тела за справување со состојбата во Македонија, порача тој.

Најнови вести