Почитувани, Власт практикувана од непрокопсани функционери, резултира со криминал во сите ешалони, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ Штип.
-Таков пример дава и жената на висок функционер од СДС, која неколку години вешто ја оштетувала сметката на Клиничката болница. Почитувајќи ја презумпцијата на невиност, прашуваме: Дали Главна сестра на Одделението за Физикална терапија во Клиничка болница-Штип во 2017 и 2018 година, направила разлика меѓу фискалниот пазар и благајна во износ од 95.000 и 496.000 денари, соодветно? Дали Јавното обвинителство и МВР веќе имаат отворено предмет за овој случај? Дали криењето на овој криминал, направен од жена на највисок функционер на СДС во Штип, значи и забошотување на истиот?, прашува Ефтимов.
Тој додава дека инсистираме да се произнесат сите инволвирани страни, а институциите тековно да ја известуваат јавноста за развојот на овој бесрамен криминал!