петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ефтимов: Власта тргува со правото на над 40,000 граѓани на кои сеуште не им е доделена помошта за нега на друго лице

Ефтимов: Власта тргува со правото на над 40,000 граѓани на кои сеуште не им е доделена помошта за нега на друго лице

Пратеникот Дајанчо Ефтимов на денешните пратенички прашања во Собранието, во врска со помошта која ја очекуваат граѓаните кои вршат нега на друго лице рече дека власта тргува со ова право на над 40,000 граѓани кои помошта не можат да ја добијат, а веќе чекаат 11 месеци за истото.

– Моето прашање до министерката за труд и социјална политика се однесуваше за тоа кога граѓаните коишто остваруваат помош за нега на друго лице дали ќе го остварат своето право бидејќи истите чекаат повеќе од шест, седум, а веќе и повеќе од девет месеци за закажување на термин преку матичните лекари, иако од министерството се запознати со проблемот, а велат дека има недостаток на термини во комисиите и е во постојана координација со министерството за здравство, запознати се веќе 11 месеци, а не преземаат конкретни чекори, вели Ефтимов.

Ефтимов порача дека суштината на овој одговор од страна на министерството е загрижувачки како што се и бројките, во 2018 година комисијата постапувала по 25,000 барања, во 2019 по 37,000 барања, во 2020 по 44,500 барања, тоа е за 80% зголемување на барателите на ова право за само две години, ова е сериозно прашање за кое треба да се занимаваат сите министерства и не може вината да се префрла на матичните лекари.

– Произлегуваат индициите дека сите овие барања пост изборно не се решени, а со единствена цел да се чека 10,11,12 месеци и истите наодите и мислењата да ги достават во летниот период, а решенијата корисниците да ги добијат непосредно пред локалните избори, ова е класично тргување со правото на над 40,000 граѓани за остварување на политички поени, но и познат принцип на владеењето на СДСМ, критикуваше Ефтимов.

Најнови вести