вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ефтов: Шарената револуција ќе се сведе на револуција за промена на името на Република Македонија (ВИДЕО)

Ефтов: Шарената револуција ќе се сведе на револуција за промена на името на Република Македонија (ВИДЕО)

Вчерашната емисија „Во Центар“ на новинарот Васко Ефтов многу веројатно ќе биде запаметена во македонската телевизиска историја како едно од најнфамозните интервјуа со кое згасна политичката кариера на актерот Сашо Тасевски. Интервјуто тој демонстративно го напушти, а еве што претходеше.

Според Ефтов, сите настани кои претходеа на политичката криза и кои се случува во текот на неа беа со цел промена на уставното име на Република Македонија.

Ефтов како и секогаш остана брилијантен во своите анализи и во разговор со Тасевски истакна:

,,Знаете ли што ќе биде проблем? Знаете ли што ќе биде дефект на се ова што го зборите и што сте го правеле изминативе неколку години? На крај шарената револуција ќе се сведе на револуција за промена на името на Република Македонија.  Не мислам конкретно само на тие 200 шарени револуционери. Туку на една енергија која беше врзана со енергијата на шарената револуција. На крај таа енергија ќе се сведе на енергија за промена на името. Тоа е дефектот на целиот процес. Дали таа енергија ќе се сведе на промена на името? Да ќе се сведе!!!’’

Евидентно е дека тогашната опозициска СДСМ јаваше на бранот на вештачки создаденото незадоволство кај граѓаните кој доведе до насилна промена на владата. Секојдневно се поголем број на учесници во шарената револуција се разочарани од политиките на владеачката СДСМ, а незадоволството во огромен број го изразуваат на социјалните мрежи.

Најнови вести