Вистинска еколошка катастрофа се случува на реката Треска во Кичево.
Ова го потенцираат и рибари кои се сведоци на денешната глетка на реката.
Преку социјалните мрежи тие побараа да се преземат мерки за да се спречи уништувањето на природата, особено на водите во кои има животински свет.
Од фотографиите кои ни ги испратија наши читатели буквално се гледа дека водата е со нетипична боја и целата е матна.