Владата на СДСМ е фокусирана на задоволување на барањата на олигарсите, а не на граѓаните кои гласаат за нив и малите и средни компании кои вработуваат 80 проценти од населението во Македонија, ова го истакна Бранимир Јовановиќ советник на министерот за финансии на СДСМ, Драган Тевдовски.
-Во политиктие на Владата гледаме страшна асиметрија кога интересите на мала група на фирми и мала група на богати луѓе доминира. Тоа го гледаме и во оваа криза. Гледате која мерка да ја предложат коморите, Владата веднаш ја прифаќа нивната сугестија, а од друга страна ги имате синдикатите. Пред некој ден 10 синдикати излегоа здружени, најголемиот синдикат во државава, Сојузот на синдикати заедно со другите синдикати прв пат се случува тоа, здружени излегуваат со барање до Владата за заштита на работниците и немате никаква реакција. Дури и медиумите генерално го изигнорираа тоа, имаше исклучоци се разбира иако тие синдикати претставуваат 600-700 илјади работници во оваа држава и гледате Владата нема никаква реакција. Не ги ни викна на разговор, а од друга страна коморите кога ќе побараат нешто веднаш и ги викаат на состанок и менуваат уредби и носат уредби преку ноќ. И тоа е она што е страшно гледаме страшна асиметрија, економски политики кои што се креирани за богатите и моќните, а не за обичните граѓани, вели Јовановиќ.