среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Експерти од Северна Ирска ќе помагаат за Северна Македонија

Експерти од Северна Ирска ќе помагаат за Северна Македонија

Познатата фирма за стратегиски комуникации од Северна Ирска, „Стратагем интернешнл“, ќе ѝ помага на Владата во спроведување на кампањата од јавен интерес за референдумот да биде успешен, објави Независен.

Двете страни, како што потврдуваат од Владата, деновиве потпишале меморандум за соработка за консултантски услуги кои ќе овозможат успешна јавна комуникација со граѓаните. За услугите Владата нема да издвои ниту денар од буџетот. Финансискиот товар, според информациите, ќе падне врз грбот на амбасадата на Велика Британија.

Од она што може да се прочита од интернет-страницата на „Стратагем“, станува збор за стратегиски консултант за политички работи и комуникации со богато искуство во работењето низ целиот свет. Специјализирани се за сложени и несигурни средини.

Експерти од консултантската фирма веќе го „снимиле“ предреферендумскиот амбиент во земјава. Пред нешто повеќе од еден месец двајца од нив биле во посета на Македонија. Тие контактирале со претставници од Владата, но и со дел од цивилното општество, интелектуалци, новинари како и со бизнис-заедницата.

Најнови вести