Министерот за здравство Венко Филипче блокирал на социјалната мрежа Инстаграм пациентка од Скопје која бара помош од него во битката со опасна, ретка и тешка болест, пишува „Експрес.мк“
Политикологот Влора Речица објави дека Филипче блокирал пациентката Флора Гаши го споделила својот проблем на Инстаграм.
“По споделување на инстаграм за нејзината ситуација и фактот што не може да дојде до потребните лекови, Флора е блокирана од страна на министерот Филипче”, пишува Речица која споделува и линк со повеќе информации.
Младата Флора и уште две пациентки се борат со живот додека здравствените власти цели три години не можат да најдат решение за луѓето со ретката болест.