Од видеото кое беше објавено на социјалната мрежа Facebook можеме да констатираме уште еднаш обид за поткуп или злоупотреба на сиромаштија на Ромите од страна на СДС и членката на Извршниот Одбор како и кандидатка за пратеник во листата на изборната единица два госпоѓата Љатифа Шиковска, реагира претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Шуто Оризари и кандидат за пратеник Ерџан Демир.
-Наместо во овие тешки моменти на граѓаните да им се поделат неопходните прехрамбени продукти они им поделија пакети полни со ресани со изминат рок, но и ова не им е прв пат. Пред некое време видовме како во населени места со граѓани од Исламската вероисповед им беа поделени свинско месни нарезок. Но сето ова нема да остане така иако сме сиромашни но добро знаеме да разликуваме добро од зло.
Во иднина не би дозволил злоупотреба на мојата заедница, особено кога се работи за основна човечка потреба (храна), порачува Демир.
Од видеото кое беше објавено на социјалната мрежа Facebook можеме да констатираме уште еднаш обид за поткуп или…
Gepostet von Ерџан Демир am Samstag, 25. April 2020