среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕСЧП во вторник ќе ја објави пресудата за случајот на дискриминација на децата Роми во Македонија

ЕСЧП во вторник ќе ја објави пресудата за случајот на дискриминација на децата Роми во Македонија

Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур, во вторник ќе ја објави пресудата за случајот Елмазова и другите против Македонија, кои се однесуваат на случаи за наводна сегрегација на ученици Роми во две јавни училишта во Битола и Штип, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Апликантите, 87 државјани на Македонија, се родени помеѓу 1958 и 2013 година и живеат во Битола и Штип и се со ромско потекло.

Случајот се однесува на наводната сегрегација на ученици Роми во две јавни училишта.

Апликантите биле ставени во основно училиште само за Роми во Битола (бр. 11811/20) и во одделенија само за Роми во училиште во Штип (бр. 13550/20).

Потпирајќи се на член 1 од Протокол бр. 12 (општа забрана за дискриминација) и член 14 (забрана за дискриминација), апликантите сметаат дека децата биле ставени во посебни училишта и

ли паралелки во отсуство на објективно и разумно оправдување.

Пресудата на ЕСЧП се очекува да биде објавена во вторник на 13 декември. (МИА)

Најнови вести