„За да ги унапреди своите аспирации за ЕУ, Владата на Македонија е посветена да се спроведат уставни измени за за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, а исто така сме ангажирани со новата влада на Бугарија за да се осигураме дека нема да поставува нови барања откако Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори“, рече специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар во синоќешната дебата за Западен Балкан во Конгресот на САД. Таму тој го презентираше извештајот за ангажманот на САД на Балканот.
Ескобар смета дека со евроатланската интеграција на Македонија ќе се намали влијанието на „штетните актери во регионот, како што се Русија и Кина, но и на корумпираните локални актери“.