„Навистина ни беше многу мило што започна процесот затоа што сакаме да ве видиме во ЕУ, вие сте дел и член на евроатланската заедница така што сакаме да имате блиску учество во сите тие структури, мило ми е што започна процесот и се надевам дека ќе продолжи“ рече заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар.
Тој додаде дека САД не поставуваат влади, но дека поставуваат очекувања.
„САД ги гледа како природни партнери оние кои се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата“ рече Ескобар.
Заменик-помошникот државен сректар на САД додаде дека со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски ќе има отворен разговор и сака да ги слушне неговите ставови.
„Се надевам дека ќе имаме повеќе да кажеме на јавноста по нашиот состанок“ рече Ескобар.