среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕСМ ќе го преземе управувањето со Топлана Скопје Север, најави Ковачевски

ЕСМ ќе го преземе управувањето со Топлана Скопје Север, најави Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Топланата „Скопје Север“ и АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) денеска ги завршуваат преговорите и ќе потпишат договор за деловно техничка соработка, со што ЕСМ го презема управувањето со топланата и затоплувањето на нејзините корисници.

-Раководството на Топланата „Север“ денеска во 13 часот е на состанок во АД ЕСМ каде треба да ги заврши  преговорите, да потпишат договор за деловно техничка соработка и да се обезбеди затоплување на граѓаните во општините Чаир и Бутел, како и на институциите, градинките и училиштата, со оглед на тоа дека ЕСМ го презеде затоплувањето и на тој дел, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за завршување на изградбата на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола.

Претхдно АД ЕСМ објави дека испораката на топлинска енергија тече непречено и така и ќе продолжи и во следниот период, како и дека за декември е обезбеден природен гас од „Макпетрол пром – гас“ и топлинска енергија од ТЕ-ТО.  (МИА)

Најнови вести