ЕСМ продажба ја подготвува документацијата за склучување договори за снабдување со електрична енергија на компаниите и училиштата и како што најавуваат од компанијата во наредните денови на веб-страница https://www.esm.com.mk ќе бидат објавени договорите за снабдување, потребната документација, упатство и начинот на размена на документите.
-Согласно одлуките од Влада за преземање на мерката за обезбедување непречено и сигурно снабдување со електрична енергија на јавните претпријатија, основните и средни јавни училишта и компаниите од прехранбената индустрија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, потребно е наведените потрошувачи да склучат договор за снабдување со електрична енергија со ЕСМ продажба, велат од ЕСМ.
Нагласуваат дека во наредните денови на официјалната страна на АД ЕСМ и ЕСМ продажба ДООЕЛ Скопје https://www.esm.com.mk/ ќе бидат објавени договорите за снабдување за наведените компании и училиштата, потребната документација за склучување договор, упатство, како и начинот на размена на документите.