петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Еурокомпозит повторно без струја, вработените вратени дома

Еурокомпозит повторно без струја, вработените вратени дома

Голготата на вработените во прилепски Еурокомпозит нема крај. Денеска повторно им ја исклучиле струјата за неплатени сметки, а повеќе од 2 месеци немаат земено плата и немаат здравствено осигурување. Велат дека минатата недела 130-те вработени кои заминале како технолошки вишок не зеле ниту отпремнина, ниту плата. А во преговори било до 11 декември да заминат технолошки вишок уште 24 вработени, пренесува Сител.

„Останавме на работа уште околу 100 вработени,  а работа немаме никаква. Директорот денеска ги испушти сите вработени и им кажа да чекаат дома до повторно повикување. Кога ќе биде тоа повторно повикување и ние не знаеме. За плата прашуваме и тоа не знаеме кога ќе се пушти. Денеска се слушнав јас со овие 130 луѓе кои си заминаа, тие се во најава да одат да протестираат да одат во Скопје, тие се 150 луѓе и најверојатно и ние 100 ќе им се приклучиме и еднаш засекогаш да се реши овој проблем“, изјави Роберт Богданоски, претседател на синдикат на Еурокомпозит.

Вработените не верувале дека до 30-ти овој месец ќе добијале по 50.000 денари, а остатокот од отпремнината да ја земеле за 2 до 3 месеци.

„Најголема надеж им е дека ќе се донеси законот и дека ќе влезат во тој закон за некои мизерни 7.000 денари кои ќе ги земаат до пензионирање“, додаде Богданоски.

Од Владата претходно им ветиле дека веќе бил најден инвеститорот кој треба да влезе во Еурокомпозит и дека тоа ќе се случело кога поголем дел од вработените ќе заминат како технолошки вишок.

Најнови вести