вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Еве ја причината поради која се вратил авионот на аеродромот во Охрид веднаш штом полетал

Еве ја причината поради која се вратил авионот на аеродромот во Охрид веднаш штом полетал

Од Конторла на летање информираат дека немало никакво принудно слетување на авион на Охридскиот аеродром. Авион што полетал од Охрид за Германија, сепак се вратил и принудно слетал на Охридскиот аеродром.

Станува збор за авион „ербас А-32о“ на унгарската нискобуџетна компанија „Визер“, на редовна линија од Охрид за Фридрихсхафен, кој на пат кон Германија требало да слета во Скопје за го замени екипажот поради надминати часови на работа, па да продолжи кон крајната дестинација.

М-НАВ наведува дека поради невремето што во попладневните часови го зафати главниот град, авионот не можел да слета во Скопје и капетанот пет-шест пати вртел над скопскиот аеродром чекајќи подобри метео услови, по што безбедно се вратил во Охрид.

Авионот се задржал во македонскиот воздушен простор повеќе од два часа пред да се врати во Охрид.

Најнови вести