четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕВРОТИНК: Од 2017-та до 2022 пад од 14.8% кај граѓаните за тоа дали членство во ЕУ е добро за Македонија, политиките на СДСМ потфрлија

ЕВРОТИНК: Од 2017-та до 2022 пад од 14.8% кај граѓаните за тоа дали членство во ЕУ е добро за Македонија, политиките на СДСМ потфрлија

Пред само неколку дена излезе истражување на ЕВРОТИНК преку кое го испитува мислењето на граѓаните во Република Македонија, а е поврзано со довербата во државните институции и евроинтеграции.

Имено, ова истражување ЕВРОТИНК го има спроведено од 12-ти декември до 27 декември 2022 година на 1.006 испитаници.

На прашањето „Членството на Македонија во ЕУ би била добра работа“ имаат одговорено само 49% од граѓаните дека се согласуваат.

А, 34% од испитаниците на ова прашање имаат одговорено дека не се согласуваат, а само 14% од граѓаните имаат одговорено и се согласуваат и не. Само 3% од испитаниците имаат одбиено да одговорат на прашањето „Членството на Македонија во ЕУ би била добра работа“.

А, ако се спореди со изминатите години ќе се увиди пад на граѓаните во довербата дека членството на Македонија во ЕУ е добра работа. Имено, во 2017-тата година кога СДСМ доаѓа на власт довербата на граѓаните дека членството на Македонија е добра работа била 63.80%.

Што може да се забележи дека од 2017-та година до 2022 година има пад од 14.8%. со ова се потврдува дека откако СДСМ дојде на власт довербата во членство на Македонија во ЕУ опаѓа кај граѓаните дури 14.8%.

Оваа бројка алармира и укажува дека политиките на власта за интеграција на Македонија во ЕУ се погрешни со што расте скептицизмот кај граѓаните.

Најнови вести