Утре, (вторник, 18.10.2022) министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе ѝ биде домаќин на заменик претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, која ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и европското досие на земјата, регионалните прашања, геополитичките предизвици и соработката во рамките на НАТО, како и претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ
Во рамки на нејзиниот престој во Скопје, Фајон се очекува да се сретне и со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, со претседателот на Собрание на Република Северна Македонија, Талат Џафери, како и со заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
Aгенда:
09:55 Пристигнување во МНР
10:00-10:20 Средба Османи – Фајон
10:20-10:55 Пленарен состанок меѓу двете делегации
11:00-11:20 Прес-конференција Османи- Фајон