Порталот Фактор од свои извори во здравствениот сектор дознава дека досегашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, доктор Ирина Бухова нема повеќе да ја врши функцијата.
Имено, нејзиниот мандат истече уште на 5-ти април годинава, но досега се бараше нејзина замена.
„Одредени структури во Министерството за здравство добија „партиска задача“ да најдат замена, уште во април откако и заврши мандатот“, велат изворите на Фактор.
Фактор вечерва ја контактираше веќе поранешната директорка на ДСЗИ, Бухова која потврди дека по завршувањето на мандатот, самата побарала да именуваат нов директор. Инаку, се уште не се знае кој е наследникот на Бухова, односно кој ќе биде новиот директор на ДСЗИ, иако како што дознава Фактор, поранешната директорка Бухова е веќе известена за смената.