Извршниот директор на Орка Холдинг, Јордан Камчев не е приведен, велат за Фактор од компанијата.
-Шпекулација се информациите кои ги шират дел од медиумите дека Камчев е приведен-велат за Фактор од Орка Холдинг.
Од МВР за Фактор пак не сакаа да дадат било каква информација во врска со последната истрага под кодно име „Империја“ упатувајќи го медиумот за информации да се обратат до СЈО .
Имено, СЈО денеска соопшти дека е отворена нова истрага во која повеќе лица се осомничени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.