Големи промени во директорските фотељи во неколку клучни клиники во Скопје и Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“. Фактор неофицијално дознава веќе им е соопшттено дека се разрешени од функциите директори, д-р. Наташа Алуловска од Клиниката за детски болести во Скопје, Жан Зимбаков од Клиниката за кардиологија, како и диркторот на Институтот за белодробни заболувања „Козле“, д-р. Ангелчо Андоновски.
Според изворите на Фактор, Алуловска и Андоновски решенијата за нивна смена треба да ги потпишат денеска.
Неофицијално, на местото на Алуловска повторно ќе дојде, д-р. Аспазија Софијанова.
Истовремено, се уште актуелниот директор на Институтот за белодробни заболувања, д-р. Андоновски вели дека се уште нема решенија за смени, односно дека имаат менаџерски договори, заради што мора да си дадат оставка, а како што вели, тоа од нив никој не го побарал.
Некои од упатените за Фактор велат дека и покрај нивното разрешување од функциите, сепак во изминатиот период, во кој Македонија се соочуваше и се уште се бори со епидемијата на корона кризата, тие како менаџери на овие клучни здравствени установи покажаа успешни резултати.