сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Фалише и Сараќино три недели без вода за пиење

Фалише и Сараќино три недели без вода за пиење

Жители на Фалише воедно и родители на деца апелираат што поскоро локалните власти да најдат решение со прекинот на вода за пиење што трае веќе три недели, односно од 1 февруари. Како родители на деца, ученици стравуваат за опасноста од заразни болести во училиштето каде исто така, според нив, нема вода.

-Во период на висок технолошки развој, демократија и урбан начин на живот, тетовските села Сараќино и Фалише, кои се близу до град Тетово се без капка вода, жедни и оставени на самите себеси. Водата е основен елемент за преживување, а жителите на Фалише и Сараќино тоа го немаат во 21 век. Се работи за населени, развиени и живи места. Градоначалниците и локалната самоуправа да се преиспитаат и да помогнат, а не само пред избори да се сликаат! Не треба гласачко тело само, потребно е човек да си. Да се огласат и директорите на училиштата и да обелоденат дека во мизерни услови учат учениците, без вода, се вели во дописот на жителите до медиумите.

Тие велат дека биле информирани за правањето на бушотина во Фалише, но не добиле одговор кога конечно ќе се добие вода за пиење.

-Повеќе пари даваме за вода за пиење отколку за храна. Во оваа криза недозволиво е да се прави ова. Кога ќе добиеме вода за пиење од новата бушотина никој не ни кажува, кога ќе биде ископаната дупката, кога ќе се испита, кога ќе се изгради соодветна заштита за бунарот. Никој не не информира, велат жителите.

Од работната единица „Водовод“ при ЈКП Тетово досега информираа дека за постапките околу новиот начин на водоснабдување но нема одговор кога конечно ќе се реши прекинот.

-Почна да се копа бунар на 50 метри длабочина во земјата да се најде извор со вода како решение за Фалише и Сараќино има прекин во водоснабдувањето. Граѓаните да имаат трпение затоа што ова ќе биде долготрајно решение и нема повеќе да има проблеми со водоснабдувањето како досега, информираше Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод“ при ЈКП Тетово.

Кога ќе се заврши бушењето, потребно е да се стават пумпи, фреквентен регулатор за одржување и регулирање притисок на вода како и нивелирање на водени удари, за да се опслужуваат двете села.

Најнови вести