вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фалкао надвор од теренот три недели

Фалкао надвор од теренот три недели

Колумбискиот фудбалер Радамел Фалкао ќе отсуствува од терените следните три седмици, соопшти неговиот клуб Монако.

Фалкао е најдобриот фудбалер на тимот од Кнежевството оваа сезона. Тој веќе постигна 23 гола во сите натпреварувања и неговата повреда ќе бидат голем хендикеп за Монако.

Колумбиецот го повреди левиот бутен мускул на натпреварот од Лига 1 против Лион, кој Монако го доби со 3:2. Фалкао постигна гол во играта и излезе од натпреварот во текот на второто полувреме.

Најнови вести