четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фалс кампањата на Заев, тема за вирален потсмев на социјалните мрежи

Фалс кампањата на Заев, тема за вирален потсмев на социјалните мрежи

По најавената мерка од страна на владата за развој на домашниот туризам, каде граѓаните од пред два дена треба да добиваат ваучери за туризам на нивните електронски адреси, доживеа вирален потсмев од страна на граѓаните на социјалните мрежи.

На сајтот domasiedoma.gov.mk каде се промовира мерката за ваучерите за домашен туризам има поставено слика која што е превземена од Кенигсе, Германија, наместо фотографија од некои од убавините низ Македонија за поддршка на македонскиот туризам.

Истото се најде на вирален потсмев откако сопственикот на сликата објави дека македонската влада му ја објавила фотографијата од Германија, за да промовира домашен туризам.

Социјалните мрежи два дена вријат од постови со коишто го исмејуваат овој недоличен потег на владата. Велат брука е што за развој на домашен туризам, владата искористила туѓа фотографија и тоа од Германија, па со креативни потсмевувачки наслови и фотографии од други места надвор од Македонија, објавуваат дека тие истите се некои градови и ветувања за проекти на оваа влада.

Потсмевот продолжува и денеска со бројни коментари и критики кон владата за овој срамен потег за оваа кампања која требаше да подразбира поддршка за домашниот туризам, од толку прекрасни фотографии од места низ Македонија, да се користат фотографии од странство е вистинска брука за оваа фалс кампања на власта.

Најнови вести