вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фарсата продолжува: Кацарска го одзема правото на збор на одбраната и ги одбива сите барања

Адвокатот Сања Алексиќ посочи дека одбарната побарала увид во аудиоматеријали кое барање било одбиено, па заради еднаквост на оружјата во постапката посочи дека е неопходно барем да се дозволи увид во транскриптите од разговорите.
Фарсата продолжува: Кацарска го одзема правото на збор на одбраната и ги одбива сите барања

Политички спакуваните предмети на СЈО се претвараат во пародија, а на површина излегуваат сите конструкции.

Во брзање да се склопи политичкиот случај Тенк, СЈО приложувало документи и на германски јазик, без да ги преведе на македонски, иако законот тоа го налага.

Адвокатот на одбраната Димитар Дангов посочи дека нема услови да се продолжи работата, односно дека главната расправа треба да се одложи. Тој посочи дека е приложен материјален доказ “одговор на барање од Маккар”, а во склоп на него и историјат на германски јазик.

Дангов посочи дека мора да се обезбеди превод.

-Впрочем сите докази се приложуваат на јазик на кој што се води постапката. Судот не може да отпочне главна расправа без соодветен превод, потенцираше Дангов.

Ваквите аргументи не допираат до судијата Добрила Кацарска која инсистира на воведен говор и продолжување на расправата без разлика на очигледните прекршувања. Кацарска ги игнорира барањата на одбраната и без соодветни аргументи го одзема правото на збор на обвинетите.

Адвокатот Сања Алексиќ посочи дека одбарната побарала увид во аудиоматеријали кое барање било одбиено, па заради еднаквост на оружјата во постапката посочи дека е неопходно барем да се дозволи увид во транскриптите од разговорите.

Алексиќ посочи дека одбраната и не знае дали има или нема транскрипти.

-Доколку во списите на предметот постојат транскрипти заради еднаквост на оружјата бараме да и бидат доставени на одбраната. Такво решение овој суд веќе носел,  кажа Алексиќ.

Најнови вести