Во текот на изминатата вечер на подрачјето на Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 11 возачи .За време на контролата биле санкционирани и други видови прекршоци.
-Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, информира МВР.