Полициски службеници од ОВР Ресен на 11.11.2022 во атар на с.Болно на м.в.Речиште ресенско, одзеле возило „застава“ без регистарски таблички, управувано од Е. К.(34) од Ресен, натоварено со огревни дабови дрва без жиг и документација и возило „шкода фелиција“ без регистерски таблички, управувано од А. М. (19)од Ресен, исто така натоварено со огревни дабови дрва без жиг и документација.
Од страна на вработените од ЈП„Национални шуми“ е извршено мерење на дрвата, по што возилата со дрвата се одземени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.