По селата и помалите места низ Македонија СДСМ делат флаери, отпечатени на принтер, наводно препорака од ВМРО-ДПМНЕ до нивните гласачи да гласаат за број 14 И ДА ГО ШКРТНАТ ЗБОРОТ СЕВЕРНА пред Македонија.
Единствена цел е да направат груба манипулација со дел од гласачите кои, ако би шкртнале било што на ливчето, ќе имаат неважечки глас.
Граѓаните го препознаа овој очаен обид на СДСМ.
Реагираше и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
По обидите за манипулација со гласачите кои луѓе блиски до СДСМ ги прават на социјалните мрежи, остро реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Последен и очаен обид на СДСМ.
Губат и им тече низ ногавици.
Граѓаните знаат дека секое шкртање на ливчето, освен заокружување на редниот број, ќе биде неважечко. Исплашени се и очајни! Граѓаните знаат дека треба само 14 да заокружат и ништо повеќе. Сосема доволно за Заеви да одат во затвор!
Толку ви е, готови сте!
Следи Обнова на Македонија!
Да живее Република Македонија“-порача тој.
НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ ГРАЃАНИНОТ ТРЕБА ДА ГО ЗАОКРУЖИ САМО БРОЈОТ НА ОПЦИЈАТА ЗА КОЈА ГЛАСА. СЕКОЕ ДРУГО ЗАОКРУЖУВАЊЕ И ШАРАЊЕ ЌЕ ГО НАПРАВИ ВАШЕТО ЛИВЧЕ НЕВАЖЕЧКО.
Сега испливаа и докази од чија “кујна“ се крчка оваа грда манипулација. Ова е доказ дека СДСМ се обидува да изманипулира со народот.