Вишата обвинителка Фатиме Фетаи за Фокус изјави дека трошоците за да го проследи фудбалскиот натпревар во Палермо сама ги покрила.
-Пред се сакам да им честитам на нашите фудбалери и на сите граѓани кои се радуваат на победата на нашата држава за многу значајната победа над Италија и да посакам иста таква да оствариме и во Португалија. Секако дека трошоците поврзани со следењето на натпреварот (овој и на другите) сама ги покривам. Да се радуваме заеднички на овој и тоа како заслужен успех, изјави за Фокус Фетаи, штом пристигна во Скопје.
Претходно и министерот за правда, Никола Тупанчевски изјави дека и тој на свој трошок бил во Палермо.