вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фејзи Азири повторно е вратен во затворот во Штип

Стартот на судењето за случајот „Монструм“, се одложи поради отсуство на Азири кој се наоѓаше на Клиниката за пулмологија.
Фејзи Азири повторно е вратен во затворот во Штип

Еден од обвинетите во случајот Монструм, Фејзи Азири е вратен во затворот во Штип. Со полициско обезбедување тој бил спроведен околу 13:30 часот, потврдија од затворската управа за ТВ24.

Како што соопштија од Судот, Кривичниот совет ја одбил жалбата на Фејзи Азири откако се жалеше кај  судијата за извршување санкции, кој не прифати да му го  продолжи  прекинот на издржување на казна затвор.

-Стартот на судењето за случајот „Монструм“, се одложи поради отсуство на Азири кој се наоѓаше на Клиниката за пулмологија. Откако медиумите обелоденија дека Азири го прекинал издржувањето на затворската казна и не се вратил во штипскиот затвор иако тоа не му било дозволено, полицијата стражарно го обезбедуваше во болница, пренесува телевизијата.

Тој се товари за тероризам, убиство на петмината рибари кај  Смилковското езеро на Велики четврток 2012-та година.

Најнови вести