Луѓето на социјалните мрежи забележаа нешто интересно за февруари 2021 година.
Од денеска месецот започнува во понеделник и завршува во недела, така што календарите (кои започнуваат во понеделник и завршуваат во недела) изгледаат „многу смирувачки“, пишуваат твитерџиите.
„Погледнете колку е смирен февруари 2021 година“, стои во објавата на Твитер што им се допадна на скоро половина милион луѓе.
bloody hell, look how satisfying feb 2021 is pic.twitter.com/tHklgtbQNJ
— Curtis Parker-Milnes (@CPMilnes) September 6, 2020
„Совршен. Совршен и краток, особено по јануари, кој трае со години“.
„Ова е сонот на секој перфекционист“, се само некои од коментарите, а имаше и такви кои се пошегуваа:
„Претпоставувате дека воопшто ќе го доживееме февруари 2021 година? ”
Сепак, имаше и такви кои се побунија. „Мојот календар започнува со недела“, напишаа.
„Штета, тогаш ќе мора да тагувате до февруари, додека другите ќе уживаат во тоа“, одговори авторот на твитот.