Филип Темелковски е „Царот на урбаниот хаос и урбаната мафија во Скопје“, ова денеска преку статус на Фејсбук го објавува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кисела Вода, Иван Живковски.
-Деновиве во Киселa Вода на ул. Невена Георгиева Дуња, непосредно до м.в Стара Рампа без никакво одобрение се прави ископ и почнува да се гради ДИВОГРАДБА – стамбена зграда од 6 ката и 70 стана. Од ископот е попукана улицата, паднати се неколку бандери, има прекин на водоснабдувањето на околните објекти и најважното од се постои сериозна опасност од формирање на свлечиште и рушење на дел од околните згради. Ваквите активности претставуваат сериозно загрозување на имотот и животот на жителите од околните згради и куќи. Животот на 300 жители е доведен во опасност а градоначалникот соучествува во урбаниот хаос, тивко одобрува и мирно си ужива во последните месеци од својот мандат како градоначалник!!!
За жал сето ова се случува во срцето на Кисела Вода а Градоначалникот Темелковски како вообичаено така и сега повторно е нем и слеп на градежните активности, кои активности претставуваат кривично дело бидејќи се работи за изградба на објект за кој НЕ Е ИЗДАДЕНО ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ!
Само за појаснување, согласно постоечката законска регулатива доколку евентуално се издаде одобрение за градење жителите т.е сопствениците на околните објекти (парцели) имаат право на приговор и водење на соодветна управна постапка доколку не се согласуваат со одобрението, а во меѓу време на локацијата не смеат да се вршат никакви градежни активности!
Филип Темелковски дали поради вашата неодговорност и неспособност повторно ќе ви биде крива опозицијата??
Одговорност мора да има!
Ќе си одговарате!
Стоп за урбаната мафија во Кисела Вода, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Филип Темелковски е “Царот на урбаниот хаос и урбаната мафија во Скопје” .
Деновиве во Киселa Вода на ул. Невена…Posted by Иван Медо Живковски on Четврток, 10 декември 2020