среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Филипче целосно се испобрка, новиот клинички е само во главата, а не знае ни што е аванс “

„Филипче целосно се испобрка, новиот клинички е само во главата, а не знае ни што е аванс “

Венко Филипче наместо да обвинува, да брка провизии, треба конечно да седне да работи. Многу е едноставно, ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар, но само со изготвен проект, а не со физибилити студија од 35 страни. Филипче треба да изработи проект, а потоа со истиот да бара пари, односно заем за реализација на вака сериозен капитален проект. Сега Филипче сака да се изгласа закон за заем од 503 милиони евра за проект кој е само во неговата глава, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјавата на Венко Филипче.

Од партијата посочуваат дека имаат многу јасен предлог и дека предлогот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го презентираше на последната средба со Зоран Заев.

– Предлогот е јасен, комплетно реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кое би чинело околу 100 милиони евра како и изградба на ургентен клинички центар кој би бил наспроти „Жан Митрев Клиника“ и со кој би се поврзале Поликлиниката „Букурешт“ и ГОБ „8-ми Септември“. Освен ова решение, треба да се изградат уште три универзитетски клинички болници во Тетово, Штип и Битола кои би чинеле по десетина милиони евра. Одговор од Владата нема, ама затоа има лаги на денешната прес конференција на Венко Филипче. Срамно и лицемерно е однесувањето на Венко Филипче. Филипче зборува за проект на нов клинички центар, ама тој постои само во неговата глава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во реалноста постои само физибилити студија работена врз основа на податоци од 2009 година, а денес потребите на здравствените системи по КОВИД пандемијата се сосема поинакви. И за оваа физибилити студија Филипче бара повеќе од пола милијарда заем. И не само тоа, на срамното однесување на Филипче нема крај. Ама излегува дека Филипче не прави разлика помеѓу аванс и платена сума. ВМРО-ДПМНЕ вели авансот е 7.8 милиони евра на фиктивната фирма од Хонг Конг, а вкупната сума е повеќе од 12 милиони евра, односно дека авансот е околу 60 проценти. Очигледно е само едно, Филипче од многу лаги му се испобркале работите. Затоа наместо лаги и трчање по пари, Филипче треба да се фати за работа. Ама, треба и да знае дека за сето ова ќе одговара, додаваат од партијата.

Најнови вести