четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филипче денес изјави Мексико било безбедно место, фактите говорат друго (ФОТО)

Филипче денес изјави Мексико било безбедно место, фактите говорат друго (ФОТО)

На министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција му беше упатено прашање во врска со одморите на Љупчо Николовски во Дубаи и Драги Рашковски во Мексико, односно дали тие откако ќе се вратат ќе одат во карантин.

Тој на тоа одговори дека карантин следува на луѓе кои патуваат само на африканскиот континент, алудирајќи на тоа дека другите земји како Мексико се безбедни за патување.

Но, фактите говорат спротивно. На официјалната страница на Центрите за контрола и превенција на болести „Centers for disease control and prevention“ има објавено кои земји припаѓаат во зоната 4(највисокото ниво на коронавирус), меѓу кои спаѓа и Мексико.

Исто така на овој сајт пишува дека се препорачува избегнување на патување во Мексико, бидејќи моментално припаѓа на црвената најлоша зона на опасност од Ковид-19.

Најнови вести