понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филипче ги промовира кандидатите на СДСМ: Имате можност да ги изберете најдобрите луѓе

Филипче ги промовира кандидатите на СДСМ: Имате можност да ги изберете најдобрите луѓе

Нашата понуда, тврдам, дека е подобра од целата опозиција заедно. Овие луѓе се докажани професионални, секој во својата сфера на функционирање, рече министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче на промоцијата на кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Битола, Христо Кондовски.

Според него, добар дел од кандидатите се повторни кандидати и тоа е така поради тоа што граѓаните ја одобруваат нивната работа и ќе им дадат повторно поддршка.

-Го имате најдоброто за вас, вашето семејство, вашето маало, вашата општина. Имате можност да ги изберете најдобрите луѓе. Со гласот може да избереме заедништво, развој, многу работа, просперитет, модерни и европски општини. Тоа ќе ги победи поделбите, лажните вести и антиваксерството. Немам дилема дека на 17 октомври сите ќе го направиме вистинскиот избор. Напред во голема победа, рече Филипче.

Најнови вести